Има ли контрола државата врз инвиститорите, фирмите и поединците задолжени за изградба и одржување на станови и станбени комплекси и може ли повторно да се случи аферата „Бардовци“?!

Некои портали пишуваа деновиве за проблемите со кои се соочуваат станарите на некои тнр „елитни населби“. Тие до ние се обратиле поради мака со сопствениците на земјиштето како и огромните давачки кои им се наметнати на месечно ниво, ако сакаат да живеат таму, кои не биле предмет на првичните договори…

Потоа до засегнатите се поставени прашања… На кои нема одговор…

Затоа ПУЛС24 ќе постави нови прашања, генерално на кои треба да си одговори јавноста, како и државата. Најмногу државата…

Деновиве е актуелна дебатата на социјалните мрежи за самоволието на инвиститорите, а понатаму и оние кои се задолжени да го одржуваат станбените единици и комплекси кои имаат карактер на елитни.

Сеуште се свежи сеќавањата кога државата интервенираше заради криминална шема во елитната населба Бардовци, инвестиција на бизнисменот Благоја Николовски.

Во градежништвото и денес се евидентни криминални шеми за изведување на квадрат плус заради профит плус на сметка на квалитетот на животот, тротоарите, парковите и паркинг просторот. Насекаде има примери на купувачи кои се жалат дека квадратурата не одговара на имотните листови што ги добиваат.

Она што сигна до нашата редакција како револт од станарите на елитниот комплекс Верина во Орман – Волково во која повторно се јавува како инвеститор Благоја Николовски, но сега во сенка на неговата сопруга Божана Николовска.

И, затоа ги поставуваме легитимно овие прашања:

На кој начин и зошто Божана Николовска преку ноќ станала сопственик на земјиштето (можеби на подарок?) кога се знае дека по закон земјиштето мора да се подели на станарите, а инвеститор е Благоја Николовски и дали тоа можеби е за да се избегне извршување од фирми и поединци заради долгови на нејзиниот сопруг Благоја?

Ќе покрене ли правната држава побивање на тој „подарок“ што го добила Божана од нејзиниот сопруг, без притоа тој да ги заврши обврските, за кои сега инсистира Божана, со тенденција за уцена кон станарите?

Го следат ли елитниот комплекс Верина скандали од самиот почеток заради должничките односи помеѓу инвеститорот и изведувачите?

Нарушен ли е квалитетот на живот на станарите и дали се соочуваа со низа на пропусти во изведбата и градбата на комплексот?

Дали е префрлено земјиштето под становите на самите станари, како што е утврдено со закон?

Колкав паушал плаќаат станарите за одржување и кој го регулира и по кој параметри го прави тој ценовникот на тој паушал?

Дали преку процесот на испумпување на пари од станарите се покриваат долгови на инвеститорите, во случајов на комплексот Верина во Орман?

По кој основ се назначуваат претседатели за одржување и дали некој има увид во фактурите и дали тие се со ДДВ или без ДДВ?

Постои ли смоневање за криминални шеми преку вакви нерегуларности?

Дали личноста која го менаџира комплексот Верина во Орман, во овој случај Божана Николовска е сторител на кривично дело во Шпанија (порталот ги поседува пресудите од кривичниот суд во Марбеља во Шпанија од 21 август 2021 година)?

Дали државата има механизми да се справи со самоволието на измамниците во градежниот сектор? И кога ќе се смени нешто на оваа тема?

Ова се прашања кои ги тангираат и станарите од комплексот Орман во Волково, но и сите можни жртви на вакви  можни измамнички шеми, кои знаеме не се малку.

Се повеќе граѓаните се жртви на измамници, а нормалниот и квалитетен живот е нарушен. Време е нешто да се смени.

Засегната Божана на порталите кои ја прашуваат им го одговори следново:

Што значи, ако внимателно читаме, дека за чистењето на зградите станарите имаат втор трошок. Додека евро по квадрат плаќаат за базените и зеленилото… Дали е ова измама или двоен трошок, не знаеме. Но мислиме дека ваков пример во Скопје сега за сега нема.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.