Претседателот на Франција, Емануел Макрон, го осуди насилството врз палестинските цивили на Западниот Брег во телефонски разговори со претседателот на Палестина, Махмуд Абас и премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху, соопшти Елисејската палата.
- „Имаме секс пет пати на ден“: Моделот откри во кои ситуации мора да се воздржат
- Сите гледаат во Путин! Експлозијата во срцето на Европа го шокираше светот: Италијанците дадоа итно соопштение, никој не го очекуваше ова
- Европа ги зголемува армиите: Германија достигна највисок број војници во последните 12 години
- МФ: Донесен Правилникот за утврдување на репутацијата и интегритетот на барателите на лиценци за игри на среќа, новина воведена со Законот за игри на среќа
- Еве каде Виктор Орбан летува и кој му прави друштво
Во соопштението се наведува дека Емануел Макрон му рекол на Махмуд Абас дека е неопходно палестинските власти и сите земји во регионот недвосмислено и со најголема решителност да го осудат терористичкиот напад што Хамас го изврши во Израел на 7. октомври.
Француското претседателство наведува дека Емануел Макрон во разговор со Бенјамин Нетанјаху рекол дека во Појасот Газа има „премногу цивилни жртви“.
Емануел Макрон, исто така, рекол дека е апсолутно неопходно да се разликуваат терористите од цивилното население во Појасот Газа, како и да се постигне итен прекин на огнот за испорака на хуманитарна помош, што треба да доведе до прекин на огнот.
Претседателот на Франција, исто така, му ја пренел на Бенјамин Нетанјаху својата голема загриженост поради ескалацијата на насилството врз палестинските цивили на Западниот Брег.
Пронајдете не на следниве мрежи:



