“Има се може се”- Тргнаа функционерите на заслужен одмор

Време на одмори, се разбира за тие кои имаат пари да платат. Со високите плати на функционерите  може да се оди и на најскапите дестинации, не само во Дојран , на село, викендичка или  на планина. Политичката елита одбра Хрватска, Црна Гора, Турција, а Грција и Албанија  се за средната народна класа.
Од владината прес-служба потврдуваат дека премиерот Христијан Мицкоски во следните четири дена ќе користи годишен одмор и ќе престојува во Хрватска.
Од кабинетот на министерот Тимчо Муцунски информираат дека тој веќе е на годишен одмор и моментално престојува со семејството во Турција, каде ќе остане неколку дена.
И министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, ќе ги искористи летните денови – неговата дестинација е Црна Гора, каде ќе одмара во траење од една недела.
Од кабинетот на министерката за енергетика, Сања Божиновска, потврдуваат дека таа ќе патува во Прага, каде ќе го помине својот годишен одмор.
Од друга страна, дел од министрите сè уште не одлучиле каде ќе летуваат. Иако имаат намера да одморат неколку дена, некои од нив сè уште размислуваат која дестинација е вистинската за ова лето, што ќе рече каде а не кој ке плати.

Сиљановска Давкова  и е платено во вилата во Охрид. ТАму енм ке си летува во дебелите сенки на вила Горица , ем ке си подработуе ем ќе ја чуваат службите на безбедно, нема екстра трошок за никого,

Пронајдете не на следниве мрежи: