Има 130 килограми и анорексија, но никој не и верува: „Ова го правиш за да се пишува за тебе“

Иако е несекојдневно и необично за лице кое има 130 килограми да има анорексија, оваа млада жена добила потврда за дијагнозата и од психолог.
Тес Холидеј (36) е плус сајз модел кој има повеќе од два и пол милиони следбеници на социјалната мрежа Инстаграм. Таа стана популарна поради облините и тежината од 130 килограми.
Тес секојдневно на својот профил објавува фотографии на кои е насмеана и позира во долна облека и тесна облека; на прв поглед се чини дека се е во ред во нејзиниот живот.
Но дека не е сè толку одлично и бајковито како што можеме да видиме на социјалните мрежи, докажува нејзината објава на Инстаграм, во која сподели информации за нејзината здравствена состојба.
Имено, Тес објави нејзина фотографија и натпис од весник „Бев шокирана кога дознав дека имам анорексија“.


Како што вели, поминало нешто повеќе од една година откако и е дијагностицирано ова нарушување во исхраната, а своето искуство за односот со храната решила да го сподели во интимна исповед за магазинот „Today“.
Во својата исповед, Тес открива дека храната станала нејзин одбранбен механизам кога ја изгубила мајка си на 10-годишна возраст.
„Секогаш ја кријам вистинската количина на храна што ја јадам од мојата околина“, вели Тес.
– Во текот на изминатата деценија имав многу фази кога си ускратував храна. Тоа значи дека практично воопшто не јадев или јадев многу малку. Минатата година ми беше дијагностицирана анорексија и не сакав да кажам никому. Кога нутриционистката ми кажа дека ги покажувам сите симптоми на анорексија, и одговорив: „Не гледаш ли како изгледам?! Нема шанси да бидам анорексична“.
Иако е несекојдневно и невообичаено за лице кое има 130 килограми да има анорексија, Тес добила потврда за дијагнозата и од психолог.
Манекенката признава дека и требало многу сила и храброст да ја признае својата состојба пред целиот свет и открива дека секојдневно добива пораки на омраза.
– Ме обвинуваат дека лажам и дека само сакам да свртам внимание на себе. Ми пишуваат „Ова го правиш само за да пишуваат за тебе“. Не е вистина; вистината е дека во последно време повторно запаѓам во „канџите“ на анорексијата и дека деновиве пијам само две шолји кафе на ден – искрена е оваа девојка.
Таа вели дека се уште не разбира како телото и е гладно и неухрането, а од друга страна има вишок килограми.
– Тешко е што анорексијата се поврзува само со една форма на телото, а ние останатите сме исклучени. Давам се од себе за да закрепнам и се трудам секогаш во близина да имам храна што можам да ја изедам лесно и брзо. Редовно одам на терапии и сакам да ги охрабрам сите кои се во оваа ситуација и да им кажам да се обратат кај професионалец – заклучува Тес.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.