Кинеските научници експериментираа со мутиран вид на коронавирус кој се покажа дека е 100 проценти смртоносен кај „хуманизираните“ глувци, и покрај загриженоста дека таквото истражување може да предизвика нова пандемија.
Официјални лица во Пекинг, за кои се вели дека се поврзани со кинеската војска, клонирале вирус сличен на коронавирусот и го користеле за да заразат глувци.
- Џастин Бибер снимен во парк познат по продажбата на дрога: „Горат“ социјалните мрежиПејачот Џастин Бибер одржа ненајавен бесплатен акустичен концерт во паркот… Read more: Џастин Бибер снимен во парк познат по продажбата на дрога: „Горат“ социјалните мрежи
- Речиси трагедија на изборот за Мис Универзум: Поранешната Мис Универзум ги тужи организаторите по грозоморниот падПоранешната Мис Универзум Јамајка, д-р Габриел Хенри, поднесе тужба против… Read more: Речиси трагедија на изборот за Мис Универзум: Поранешната Мис Универзум ги тужи организаторите по грозоморниот пад
- Приведен жител на радовишко Калаузлија, подметнал пожар во селотоНа 24.09.2026 во 14:00 часот во село Калаузлија, радовишко, полициски… Read more: Приведен жител на радовишко Калаузлија, подметнал пожар во селото
- Зеленски се сретна со експерти и раководители на американски истражувачки институтиУкраинскиот претседател Володимир Зеленски одржа состанок во Њујорк со експерти… Read more: Зеленски се сретна со експерти и раководители на американски истражувачки институти
- САД забранија влез, палестинскиот претседател се обрати во ОН преку видео врскаПретседателот на Палестинската самоуправа, Махмуд Абас, ја осуди забраната за… Read more: САД забранија влез, палестинскиот претседател се обрати во ОН преку видео врска
Вирусот GX_P2V го нападнал мозокот на глувците кои биле конструирани да рефлектираат сличен генетски состав како оној на луѓето, давајќи проценка како вирусот би можел да реагира доколку зарази луѓе, објави студија од Пекинг минатата недела.
- Ова го нагласува ризикот од пренесување на GX_P2V на луѓето и обезбедува уникатен модел за разбирање на патогените механизми на вирусите поврзани со САРС-КоВ-2 – напишаа авторите на студијата.
Смртоносниот вирус е мутирана верзија на GX/2017, сличен на коронавирусот откриен кај малезиските панголини во 2017 година, три години пред пандемијата.
Сите глувци кои биле заразени со вирусот умреле во период од само осум дена, а истражувачите истакнуваат дека станува збор за изненадувачки брза смртност.
Вирусот GX_P2V ги инфицирал белите дробови, коските, очите, душникот и мозокот на глувците и на крајот ја предизвикал нивната смрт.
Во деновите пред смртта, глувците брзо изгубиле тежина, се стуткале и слабо се движеле.
„Њујорк пост“ пишува дека можеби најстрашното од се било тоа што еден ден пред да умрат, нивните очи целосно побелеле.
Ова е прва студија од ваков вид што објави 100% стапка на смртност кај глувци заразени со вирус поврзан со корона и далеку ги надминува резултатите од другите студии.
Но, резултатите од оваа студија не покажуваат јасно како тоа би влијаело врз човечките суштества.
Франсоа Балу, експерт за епидемиологија на Институтот за генетика на Универзитетот во Лондон, го критикуваше ова истражување и го нарече научно целосно бесмислено.
- Не гледам ништо да се научи од насилно инфицирање на необичен вид хуманизирани глувци со случаен вирус. Од друга страна, познато е дека таквите работи можат да тргнат наопаку – напиша Балу на социјалната мрежа Икс (поранешен Твитер).
Тој додаде дека студијата „не го специфицира нивото на биолошка безбедност, ниту мерките на претпазливост користени во истражувањето.
- Отсуството на оваа информација ја зголемува можноста дека дел или целото ова истражување, како она во Вухан во 2016-2019 година, кое веројатно ја предизвика пандемијата СОВИД-19, е непромислено спроведено без минимална биолошка безбедност и практики неопходни за истражување на потенцијалните причини на пандемијата – заклучува тој Бол.
Ричард Ебрајт, професор по хемија и хемиска биологија на Универзитетот Рутгерс во САД, ја поддржа загриженоста на Балу со едноставна порака.
- Се согласувам – напиша Елбрајт.
Д-р Генадиј Глински, пензиониран професор по медицина на Стенфорд, изјавил дека „ова лудило мора да се прекине пред да биде предоцна“.
Пронајдете не на следниве мрежи:



