Им рекла дека работи во владина институција и им земала пари да ги вработи

На 05.10.2018 гoдина во 17:20 часот во Полициска станица Тетово лицата Љ.Ф.(39), К.Ф.(28) и С.Ф.(20) сите од село Слатина пријавиле измама извршена од страна на лице по име А.А. од Тетово.

Имено во текот на месец ноември 2017 година истите се запознале со А.А. која им кажала дека работи во владина институција во Скопје и дека има доста пријатели во политички партии и дека може да им помогне да се вработат за што од оштетените побарала да и донесат документи за завршено образование, а и во два наврати им земала и парични средства од околу 2.800 евра.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.