На 20 мај 2025 година, Стартап Клуб Скопје беше организатор на Investors Day, завршниот настан од втората инкубаторска програма, наречена #ИмамИдеја2. На овој настан, тринаесет стартапи кои се наоѓаат во рана фаза, ги претставија своите иновативни идеи пред инвеститори, партнери и претприемачи од Македонија и регионот. Стартапите како што се EduNET, MindGalaxy AI, Платформа за БЗР, BioInspect, Custom Trips, Derm Doc, SunChaser, Pic a Pro, DNA Trails, Gifteezy, Расипикуќа, Ridlix и Double Bond успешно го завршија своето тримесечно патување низ првата независна инкубаторска програма во земјата, примајќи менторска поддршка, практични вештини и директен пристап до инвеститори. Настанот ги собра клучните фигури од бизнис заедницата, бизнис ангели, инвестициски фондови и претставници од приватниот и банкарскиот сектор. Инвеститори и фондови од Саудиска Арабија, Бугарија, Србија и Словенија особено ја искажаа својата заинтересираност за стартапите, дури и пред самиот настан. „#ИмамИдеја не е само обична инкубаторска програма – тоа претставува иновативен модел на соработка и развој на капацитетите на младите со визија. Нашата цел е кристално јасна – создавање генерација на претприемачи кои ги гледаат предизвиците како можности. Во оваа есен, со Startup Revolution самитот, правиме уште еден значаен чекор – настан кој ќе ги обедини најперспективните стартапи од нашиот регион,“ рече Сашо Јовановски, претседателот на Стартап Клуб Скопје. Последниот сегмент од настанот беше посветен на доделување сертификати за учесниците и признанија за менторите, кои се основачи на некои од најуспешните македонски стартапи. Овој настан овозможи создавање на нови можности за вмрежување и соработка, покажувајќи дека стартап сцената во Македонија се развива и е подготвена за уште поголеми предизвици.
The post Инвеститорски ден во Стартап Клуб Скопје – Нови претприемачи ги запознаа инвеститорите appeared first on 365.mk.


