Се очекува рускиот претседател Владимир Путин да ја посети Индија до крајот на годината, изјави Аџит Довал, советник за национална безбедност на индискиот премиер, за време на состанокот со секретарот на рускиот Совет за безбедност Сергеј Шојгу во Москва.
„Сега воспоставивме многу добри односи, кои многу ги цениме, стратешко партнерство меѓу нашите земји. Соработуваме на високо ниво“, рече Довал.
Самитите отсекогаш биле „пресвртници“, додаде тој. Посетата на индискиот премиер Нарендра Моди на Москва се одржа во јули 2024 година. За време на посетата се одржа 22-от годишен самит Русија-Индија. По тој повод, Моди го покани Путин да ја посети Индија. Во мај 2025 година, прес-службата на Кремљ објави дека Моди ја потврдил поканата до Путин да ја посети Индија, која била прифатена со благодарност.



