четврток, 12 ноември 2026
Најново

Индонезија ќе лекува повредени Палестинци од Газа

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Индонезија ќе го претвори медицинскиот центар на моментално ненаселениот остров Галанг во болница за нега на околу 2.000 ранети жители на Газа, кои по опоравувањето ќе се вратат во својата земја, соопшти денеска Хасан Насби, портпарол на индонезискиот претседател.

„Индонезија ќе им обезбеди медицинска помош на околу 2.000 жители на Газа кои станаа жртви на војната, на оние кои се ранети и закопани под урнатините“, изјави Насби за новинарите и нагласи дека ова не е евакуација, туку хуманитарна помош.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Како што изјави тој, медицинскиот комплекс на островот Галанг, кој се наоѓа јужно од Сингапур и покрај брегот на индонезискиот остров Суматра, ќе биде реконструиран за привремено згрижување на ранетите од Газа и нивните семејства.

Поврзани вести