Индустриското производство во Македонија се зголеми за 1,9 проценти во ноември во споредба со минатата година

Индустриското производство во периодот јануари-ноември 2025 година, во споредба со истиот период минатата година, е зголемено за 1,9 проценти, објави Државниот завод за статистика.

Во ноември оваа година, пак, во споредба со ноември 2024 година, има намалување од 2,8 проценти.

Индустриското производство во секторот Рударство и вадење камен во ноември 2025 година, во споредба со ноември 2024 година, е намалено за 4,7 проценти, во секторот Преработувачка индустрија има намалување од 2,0 проценти, додека во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација има намалување од 8,6 проценти.

Според главните индустриски групи, производството во ноември 2025 година, во споредба со истиот месец од претходната година, бележи намалување кај Енергија за 8,5 проценти, Капитални производи за 2,1 процент, Трајни производи за широка потрошувачка за 18,6 проценти и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 8,7 проценти, додека зголемување е забележано кај Интермедијарни производи освен енергија за 7,7 проценти.
The post Индустриското производство во Македонија се зголеми за 1,9 проценти во ноември во споредба со минатата година appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: