Инкубацијата на новиот коронавирус е од 1 до 14 дена

Периодот на инкубација на новиот коронавирус може да се движи од 1 до 14 дена, изјави Ма Ксивеи, шеф на кинескиот државен комитет за здравство на прес-конференција во неделата.
– Анализите покажуваа дека просечниот период на инкубација трае околу 10 дена, најкраткиот е околу еден ден, а најдолгиот околу две недели, изјави Ксивеи.
Новиот вид на коронавирус може да се пренесе и за време на периодот на инкубација, нешто што е карактеристично за обичните вируси. Според најновите официјални бројки, 2.027 луѓе се заразени во Кина, а досега има 57 жртви.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.