четврток, 12 ноември 2026
Најново

Инстаграм доаѓа на телевизорите: Еве како да го користите – корисниците се воодушевени

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Инстаграм прави чекор кон големите екрани и претставува посебна апликација за паметни телевизори наречена „Инстаграм за телевизија“.

Со овој потег, Мета сака да ја доближи популарната социјална мрежа до класичното телевизиско искуство.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Првите уреди што ја добија оваа апликација се моделите „Fire TV“ на Amazon.

Новата верзија на Инстаграм е првенствено фокусирана на видеа од типот „reel-to-reel“, кои можат да се гледаат директно на телевизор со помош на далечински управувач, доближувајќи го Инстаграм уште повеќе до платформи како YouTube.

Моментално, апликацијата е достапна само во Соединетите Американски Држави на одредени уреди Fire TV , вклучувајќи ги Fire TV Stick, Fire TV серија 2, серија 4 и Omni QLED телевизорите.

Содржината е организирана преку тематски канали, прилагодена на интересите на корисникот, а овозможено е користење на повеќе Instagram сметки на еден телевизор. Гледачите можат да пребаруваат креатори, да читаат коментари и да реагираат на видео содржини директно од екранот на нивниот телевизор.

Засега не е познато кога „Инстаграм за ТВ“ би можел да пристигне на други платформи или во други земји.

Поврзани вести