петок, 27 ноември 2026
Најново

Интегра со поддршка за Орце Ѓорѓиевски во вториот круг

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Во оваа фаза од локалните избори, соочени сме со можеби еден од најважните избори во кампањата – избор на градоначалник за Скопје, функција која е четврторангирана државна функција и која ќе влијае моќно врз нашите животи, но и на вкупниот углед на државата, оти станува збор за главен град со претензија да стане метропола.

Изборот помеѓу левата глобалистичка и неолиберална комунистичка опција и новата визија на човек кој покажа потенцијал во општина Кисела Вода и остава впечаток на амбицозен, искрен и коректен човек и политичар кој си стои на зборот е јасен. ИНТЕГРА, одлучи да го поддржи Орце Ѓорѓиевски за градоначалник на Скопје, во надеж дека ветеното ќе биде и сторено. Даваме шанса за нови процеси, за поинаква визија…за поубаво Скопје, напиша Љупчо Ристовски, претседателот на ИНТЕГРА кој постираше и промотивно видео од кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Поврзани вести