Интензивна нега на Клиника за неврохирургија комплетно реновирана

Реновираната и реконструирана интензивна нега на неврохирургија претставува втора по големина интензивна нега во Македонија, каде годишно се згрижуваат околу 700 лежечки пациенти, истакна директорот на Клиниката за неврохирургија, Владимир Рендевски.
Извршено е просторно проширување за околку 30 метри квадратни и комплетно архитектонско преуредување на одделот на медицинскиот персонал и опсервација на пациентите, како и останатите простории. Лежечкиот капацитет на Клиниката е зголемен за околу 30% и е по европски стандарди. Освен тоа набавени се 4 нови респираторни машини, а старите се целосно сервисирани, изјави Рендевски.
Министерот за здравство, Венко Филипче посочи дека тука се лекуваат најтешките пациенти од цела Македонија, а одделот добил целосно нова опрема. Реновирана е инфраструктурата, воведен е централен мониторинг на виталните параметри кај пациентите и поставена е централна климатизација.
Истовремено Филипче најави два новитета во Клиниката, кои ќе бидат воведени следната година.
– Во оваа хируршка Клиника како и во останатите во оваа зграда работат врвни експерти, секој во својата област. Од следната година планираме да воведеме уште две нови методи, а тоа е прво хибридна сала која ќе има мобилен-подвижен ангиограф, нешто што го нема во земјите во регионот и роботот „Да Винчи“, за почеток на роботската хирургија, изјави министерот за здравство.

 

 

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.