Интер го загуби Шкринијар – Словакот избра бесплатно да дојде во ПСЖ на лето!

Миланскиот гигант Интер го загуби словачкиот репрезентативен стопер Милан Шкринијар, кој влезе во последните шест месеци од договорот со „нераѕурите“, па на лето како слободен играч ќе го засили француски Пари Сен Жермен.

Шкринијар уште летоска беше мета на ПСЖ, кој на Интер му нудеше 50 милиони евра, ама миланскиот гигант сакаше 70 и не го продаде, надевајќи се дека ќе успеат да се договорат со Словакот за нова соработка. На крај излезе дека Интер ќе остане само со прстот во уста, откако според „Л’Екип“, Шкринијар веќе ја прифатил понудата од Париз и донел конечна одлука да си оди од Милано.

Пронајдете не на следниве мрежи: