Интимни фризури на кои се палат мажите

Многу жени обрнуваат големо внимание на средувањето на интимната зона. Тоа е причината поради која мажите го направија изборот на нивната омилена фризура на „брегот на Венера“.
Верувале или не, мажите преферираат природен изглед на женската интимна зона. Во моментов, фризурата “таму долу” е многу важна за сите членови на поубавата половина кои ги пратат глобалните трендови.
Еден од најпопуларните начини на средување на интимната зона е светски познатата “vajazzling”, или украсување со шарени циркони. Сепак, неодамнешните истражувања покажале дека мажите не се привлечени од никакви специјални форми и украси, туку претпочитаат нешто сосема друго.

Многу дами мислат дека бразилската депилација, а потоа украсувањето на интимната зона со “vajazzling” е еден од најдобрите начини на стилизација. Според “Дејли мејл” дури две третини од жените се грижат за нивните интимни фризура со цел да му угодат на својот маж.
Сепак, се чини дека времето на болната и мачна депилација наскоро ќе заврши, бидејќи неодамна беше направено истражување кое покажа дека мажите всушност преферираат природен изглед на бикини зоната. Истражувањето беше спроведено во соработка со 1.000 мажи и покажа дека повеќето мажи се палат на “мајката природа” и дека нивната омилена фризура “таму долу” е онаа малку потсечена и уредна.

Дури 43 отсто од мажите велат дека го сакаат најприродниот изглед на женската интимна зона со фино потсечен “Бермудски триаголник” и влакненца кои не извираат надвор од гаќичките.
Само 17 отсто од мажите рекле дека сакаат бразилска депилација додека 15 проценти се одлучиле за интимна зона, која е стилизирана во облик на срце. Фризурата која на мажите најмалку им се ндопаѓа е кога жените бричат сè и оставаат само мало квадратче, како мустаќите на Хитлер. Оваа фризура на повеќето мажи им делува дури и смешно.
Copyright 2013 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.Многу жени обрнуваат големо внимание на средувањето на интимната зона. Тоа е причината поради која мажите го направија

Пронајдете не на следниве мрежи: