Интуитивно јадење е подобро од која било диета

Принципите на интуитивното јадење не наликуваат на ниту една диета. Според нив ограничувањето на храната е неефективен и нездрав начин на слабеење. Професорот Стив Хокс од Универзитетот Бригам Јанг изгубил над 20 килограми со овој начин на исхрана и оттогаш овој пристап кон храната станал уште попопуларен. Погледнете што всушност претставува интуитивното јадење и какво влијание има на вашето тело.
Ментално одбијте ја диетата
Според нутриционистите Евелин Трибол и Елис Реш, авторите на книгата за интуитивно јадење, неопходно е да разберете дека сите диети се неефективни и дека не постои диета што може да ви помогне. Важно е да ја одбиете секоја надворешна контрола над вашата исхрана и да прифатите дека постои само едно нешто што ве контролира – вашето чувство за глад.
Слушајте го чувството за глад
Според овој принцип, потребно е да јадете веднаш штом почувствувате глад. Не треба да чекате да прегладнете бидејќи тоа може да води до прејадување. Важно е да изградите здрава врска со храната и да ја користите само за да го задоволите чувството на глад.


Почитувајте ја ситоста
Важно е да го слушате телото за време на оброците и да престанете кога треба. Чувството на ситост треба да биде удобно, а стомакот не треба да ви биде преполн. За да го забележите овој сигнал, правете мали паузи за време на оброците. Престанете да јадете дури и ако сè уште има храна на чинијата.


Престанете да го контролирате вашето мени
Престанете да се обвинувате ако сте изеле парче торта или да се восхитувате ако сте се држеле до ограничениот број калории. Заборавете дека храната може да биде со малку масти, лоша или добра. Важно е да разберете дека храната ви е пријател бидејќи ви дава енергија. Од сите критериуми за одбирање храна важно е да следите само еден – јадете го она за коешто имате желба во тој момент.


Станете пријател со храната
Не плашете се од храната и не гледајте ја како непријател кој не му дозволува на телото да го добие она што го сака. Дозволете му на телото да ви праќа сигнали и слушајте ги. Ако постојано го одбивате она што го сакате најмногу, можно е да се соочите со неконтролирана опсесија. Како резултат ќе се прејадете од она што не си дозволувате ни да го пробате.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.