ИНФЕКТИВНА ГО ИСПОЛНИ КАПАЦИТЕТОТ, МОДУЛАРНАТА ПАК ПРИМА ПАЦИЕНТИ: Вакцинацијата од денеска во Здравствен дом

Евидентно се зголемува бројот на новозаразени со корона вирусот, па следствено на тоа се поголем е и бројот на пациентите на кои им се неопходни хоспитализации. Здравствените власти уверуваат дека болнички кревети има доволно. Модуларната болница при Клиниката за инфективни болести, повторно е ставена во функција за болните од ковид, а министертот за здравство, Венко Филипче, во синоќешната емисија „И што сега“ на МРТВ, истакна дека вакцинацијата на здравствените работници која се спроведува токму таму, од денеска ќе продолжи во поликлиниките на Здравствен дом-Скопје.


-Со оглед на тоа што Инфективната клиника целосно се исполни, еве ќе започне со работа повторно и модуларната болница. Веќе е подготвен кадарот, којшто сега, исто како во месец ноември, работи по системот на ротација, лекари, медицински сестри од сите одделенија. Обновена е онаа координација и комуникација на ниво на сите клиники во Скопје, за да се обезбеди уште еден дополнителен болнички капацитет, рече министерот.
Таму започна и досега се спроведуваше вакцинацијата на здравствените работници со вакцините од Фајзер кои Македонија ги доби како донација од Србија, но како што рече Филипче, имунизацијата од денеска ќе продолжи во Здравствен дом-Скопје.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.