Инфективно одделение во кумановската болница скоро полно!

Пополнети се капацитетите на одделот за инфективни болести во Општата болница Куманово, соопштија денеска надлежните од оваа установа.
Од вкупниот капацитет на 18 кревети, исполнети се 17, изјави денеска директорот на болницата во Куманово, д-р Снежана Захариева.
– Десет пациенти се на кислородна поддршка, што значи дека имаат умерена до тешка клиничка слика. Другите пациенти имаат умерена клиничка слика. Гужва има и во амбулантскиот оддел каде што пациентите доаѓаат, примаат терапија и се пуштаат на домашно лекување. Пациентите од Куманово кои се позитивни во Ковид-19, без оглед на нивната состојба, се во постојана комуникација и контакт со нашите специјалисти за заразни болести, рече Захариева.
Во овој период, четири медицински сестри од одделот за заразни болести се позитивни во Ковид-19, што е една болничка смена. Захариева вели дека се ангажирани сестри од други одделенија во болницата кои помагаат во одделот за заразни болести.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.