Информација за изведбата на оперската претстава „РИТА“ од Гаетано Доницети

Комичната опера во еден чин „Рита“ од Гаетано Доницети ќе биде изведена на малата сцена
во Националната опера и балет, в среда на 21 септември со почеток во 20 часот.
„Рита“ е приказна за младата и убава Рита, вплеткана во сплетките и интригите на брачните
недоразбирања со комичен и среќен завршеток.
Диригент е Бисера Чадловска, режисер е Трајко Јордановски, сценографијата и костимите се
на Марија Ветероска, а концерт мајстор е Јане Бакевски.
Солистичка екипа ја сочинуваат: Ана Ројдева, Јане Дунимаглоски, Васко Здравков, Борко
Биџовски.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.