Информација за изведбата на оперската претстава „Палјачи“ од Руџеро Леонкавало на 23.11.2022, 20.00

Драматичната опера „ПАЛЈАЧИ“ од  италијанскиот композитор Руџеро Леонкавало, ќе се изведе на сцената на Националната опера и балет на 23 ноември 2022 со почеток во 20.00 ч.

Ремек-делото на веризмот, опера за љубов, неверство, убиство…  ќе се изведе под диригентската палка на Бисера Чадловска, во режија на Дејан Прошев, сценографијата е на Илина Ангеловска, костимограф е Никола Булески, кореограф: Олга Панго, концерт – мајстор: Верица Ламбевска, хор – мајстор: Ѓурѓица Дашиќ.

Настапуваат: Ѓорѓи Цуцковски, Дешира Амети Крлиу, Марјан  Јованоски, Јане Дунимаглоски, Драган Ампов. Балетските солисти: Ендру Кук (Англија), Агим Бафтии и Меланија Гоцевска.

Хорот и оркестарот на Националната опера и балет исто така учествуваат.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.