Информација за изведба на операта „Кавалерија рустикана“ од Пјетро Маскањи на 11.11.2022

Tрагичната приказна за љубовниот триаголник, за традицијата која се испречува помеѓу страста и
љубовта, омразата и одмаздата, прикажани во операта „Кавалерија рустикана“ од Пјетро
Маскањи, ќе се изведе на 11 ноември со почеток во 20.00 ч.
На сцената на Националната опера и балет ќе се изведе под диригентската палка на Иван
Еминовиќ, во режија на Џандоменико Вакари од Италија, сценограф е Зоран Николовски,
костимограф е Елена Дончева, концерт-мајстор е Јане Бакевски, хор-мајстор: Ѓургица Дашиќ и
Јасмина Ѓорѓеска.
Настапуваат солистите: Благица Поп Томова во улога на Сантуца, Зоран Сотиров како Туриду,
Борис Трајанов како Алфио, Николина Јаневска во улогата на Лола, Марика Поповиќ како
Мајка Лучија, хорот и оркестарот на Националната опера и балет.
„Кавалерија рустикана“ е оперски бисер натопен во страст и со одмазда како главен движечки
мотив и еден од најомилените и најизведуваните оперски наслови до ден-денес на светските
оперски сцени.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.