петок, 27 ноември 2026
Најново

Информација за праизведба на современиот балет „ПЕПЕЛАШКА“ од Сергеј Прокофјев на 19.11.2022

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

На 19 ноември со почеток во 19.00 часот за првпат на сцената на Националната опера и балет ќе се изведе современиот балет во 3 слики „Пепелашка“ од Сергеј Прокофјев, современа бајка за сите возрасти.

Приказната за „Пепелашка“ преточена во прекрасната музика на големиот руски композитор Сергеј Прокофјев, а во кореографија на гостинот од Србија, Александар Илиќ (Србија). Костимографијата е на Катерина Радошевиќ Галиќ (Хрватска), сценограф е Филип Коруновски, дизајн на звук: Георг Драушник (Хрватска), асистент-кореограф: Саша Евтимова и Мојца Мајцен (Словенија), репетитори: Саша Евтимова и Билјана Пашариковска.

 Во насловната улога ќе настапи:  Христина Наќевска, во улогата на принц ќе настапи Мирослав Митрашиновиќ, Вила Ангел: Саша Евтимова, Маќеа: Марија Јосифовска Ристовска, Сeстри: Ендру Кук (Англија) и Кристијан Јангос, Татко: Драган Кочоски , Мала Пепелашка: Гала Кочевска.Настапуваат солисти и балетскиот ансамбл на Националната опера и балет.

Поврзани вести