Инцидент во автобус на ЈСП: Контролот му удрил бокс на патник

Во текот на вчерашниот ден во 19:40 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје Т.Б.(28) пријавил дека истиот ден околу 16,45 часот на улицата “Љубљанска“ во автобус на ЈСП број 15, од страна на контролор на ЈСП бил физички нападнат со тупаница во пределот на устата, информираат од МВР.

Според пријавата контролорот дошол до Т.Б., му побарал билет и откога проверил, побарал од пријавителот да плати повторно карта. Тој одбил и во еден момент контролорот со тупаница го удрил во пределот на устата.
Сочинет бил записник за констатиран прекршок по чл. 12 од ЗППЈРМ

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.