Иранската Анџелина Џоли во затвор се заразила со корона и завршила на респираторна машина

Сахар Табар од Иран, позната како зомби Анџелина Џоли, завршила во болница на респираторна машина откако во иранскиот затвор се заразила со коронавирус, пренесува Дејли Меил.
Нејзините адвокати барале да ја пуштат од затвор поради коронавирусот, но тој предлог бил одбиен и здравјето на Табар се влошило. Завршила во болница поради потешкотии со дишењето и ја ставиле на респираторна машина.
Табар завршила во затвор поради своите активности на Инстаграм. Ја обвиниле за богохулење, поттикнување на млади кон корупција, незаконско стекнување имот и непочитување на кодексот за облекување.
Стана популарна на социјалните мрежи откако нејзините фотографии го обиколија светот. Табар, чие вистинско име е Фатемех Кхишванд, направила многу пластични операции за да личи на славната актерка, но наместо тоа, луѓето почнале да ја споредуваат со мрвата невеста Тим Бартон. Подоцна Табар тврдеше дека нејзиниот изглед не е резултат на операции, туку шминка и уредување.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.