сабота, 28 ноември 2026
Најново

Иранскиот претседател вети одговор на нападот на САД

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан денеска вети „одговор“ на синоќешниот американски напад врз нуклеарните објекти на Иран, нарекувајќи го чин на агресија.

Пезешкијан ги дал овие забелешки во телефонски разговор со францускиот претседател Емануел Макрон.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

-Американците мора да добијат одговор на нивната агресија, рече иранскиот претседател.

Пезешкијан денеска беше на антиамерикански демонстрации во Техеран, каде што луѓето скандираа „Одмазда, одмазда!“ со кренати тупаници.

Американските сили го нападнаа Иран утрово, а целта на операцијата, наречена „Полноќен чекан“, беше да се уништат нуклеарните објекти во Фордо, Натанц и Исфахан.

Поврзани вести