четврток, 12 ноември 2026
Најново

Ирански претседател: Трамп ќе ги понесе соништата за нашето предавање во гроб

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан изјави дека Иран никогаш нема да се предаде, додека судирите со Израел продолжуваат со размена на напади, а иранската војска возвраќа со напади врз неколку земји од Персискиот Залив.

Пезешкијан се огласи помалку од еден ден откако американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека неговата администрација нема да преговара со Техеран без она што го нарече „безусловно предавање“.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Во телевизиско обраќање на државната телевизија, Пезешкијан ги отфрли таквите барања.

„Тие ќе ги понесат соништата за нашето безусловно предавање со себе во гробот“, рече тој.

Откако врховниот лидер Али Хамнеи беше убиен пред една недела, власта во Иран привремено ја презеде тричлено раководство кое ќе ја управува земјата додека не се избере неговиот наследник.

Во советот членуваат претседателот Пезешкијан, кој се смета за поумерен политичар, потоа шефот на судството и тврдокорен конзервативец Голамхосеин Мохсени Еџеи и високиот свештеник Алиреза Арафи.

„Соседните земји повеќе нема да бидат мети“

Пезешкијан, исто така, рече дека привременото раководство на Иран вчера одлучило дека соседните земји повеќе нема да бидат цел на напади, освен ако нападите врз Иран не бидат извршени од нивна територија.

Според иранските медиуми, претседателот им се извинил на соседните земји за нападите што се случија во последните денови.

Поврзани вести