Иран и шестката се договорија прво за средба на експерти, па потоа на политичарите

Големите сили од ткн група „пет плус еден” и Иран се договориле на 17-ти и 18-ти март во турската метропола Истанбул да се одржи состанок на експерти, по кој на 5-ти и 6-ти април повторно во казахстанската престолна Алмати ќе се сретна политичките претставници, изјави во средата главниот ирански преговарач, Саид Џалили.

 „Се договоривме дека на 18-ти март ќе се одржи состанок на експерти во Истанбул по кој на 5-ти и 6-тиаприл ќе следи средба на земјите од групата 'пет плус еден' и Иран во Алмати, Казахстан”, изјавил Саид Џалили на прес-кофенренцијата по дводневните преговори во главниот град на Казахстан додавајќи дека „некои ставови на групата 'пет плус еден' се попозитивни од оние за кои претходно се заземала”.
„Се обидоа во некои точки да се приближат на иранскиот став, што го оценуваме како позитивно”, додал Џалили.
Истакна дека Иран одбива да ги затвори постројките за збогатување на ураниум во Форду, комплекс кој е вкопан под земјата во планинскиот масив и тешко може да биде уништен во воен напад.
„Постројките во Форду се легални и под надзорот на Меѓународната агенција за атомска енергија (IAEA) и затворањето на овој комплекс нема смисла”, додал главниот ирански преговарач со светските сили за контроверзната иранска нуклеарна програма.
„Збогатувањето ураниум до 5 и до 20 отсто е право на Иран. Ураниумот го збогатуваме за наши потреби”, додал Џалили.
Нагласил и дека на состанокот во Истанбул „експертите на двете страни мораат да договорат како ќе ги подготват своите иницијативи за да бидат воедначени”.
Џалили додал дека Иран продолжил да соработува со Меѓународната агенција за атомска енергија (IAEA), но работата на оваа организација има одредени граници.
„Иран ќе продолжи да соработува со IAEA, но работата на оваа организација е определена од опсегот утврден во текот на преговорите со 'шестката'”, рекол во средата шефот на иранската делегација на разговорите во Казахстан.
Додал додаде дека иранската нуклеарна програма е доволно транспарентна.
Дека претставниците на шесте меѓународни посредници поднеле предлози за решавање на нуклеарното прашање на Техеран, кои ги земаат предвид некои предлози на иранската страна, потврди во средата и шефицата на дипломатијата на Европската унија, Кетрин Ештон.
„'Шестката' ги постави ревидираните предлози од иранската страна. Се разгледуваат различни прашања и ќе бидат земени предвид иранските барања”, изјавила Ештон по разговорите во Казахстан.
Таа не ја прецизирала природата на новите предлози. „Да им дадеме време на Иранците да ги проучат напите предлози”, изјавила комесарката за заедничка надворешна и безбедносна политика на ЕУ. Ештон повторила дека претставници на Техеран и на „шестката” ќе одржат средба во Истанбул во март и во април во Алмати.
„Ние многу засилено и колективно работевме на нив (предлозите), за да се добијат конкретни резултати од овој процес', рекла Ештон. Сепак, вели таа, да се зборува за позитивни резултати ќе биде можно дури по следниот состанок на „шестката” и Иран.
„Она што останува е да се види колку експертите ќе можат да работат заедно и кога ќе се вратиме тука за неколку седмици, ќе видиме како можеме да продолжиме да се движиме напред. Тоа е она што јас го нарекувам позитивен резултат”, рекла Ештон.
Во вторникот и средата во Алмати се одржаа преговорите на групата шест меѓународни посредници, големите сили (САД, Велика Британија, Франција, Русија, Кина и Германија) и Иран. „Шестката” соопшти дека за Иран се предвидени обновување на предлозите за регулирање на неговата нуклеарна програма. Техеран, од своја страна, пак, соопшти дека неговите претставници во Казахстан дошле со предлози, но тие вистински не биле отворени.
Групата „пет плус еден” и Меѓународната агенција за атомска енергија, бараат Иран да го суспендира збогатувањето на ураниумот, што може да претставува закана за нуклеарното неширење. САД и другите западни земји и Израел се сомневаат дека Иран развива нуклеарно оружје под маската на цивилна нуклеарна програма. Техеран, против кој досега се донесени неколку санкции од Советот за безбедност при Обединетите нации, тврди дека неговата нуклеарна програма е насочена кон задоволување на потребите на електрична енергија во земјата.
Макфакс
Големите сили од ткн група „пет плус еден” и Иран се договориле на 17-ти и 18-ти март во турската метропола Иста

Пронајдете не на следниве мрежи: