Иран планира одмазда против европските земји? Техеран испрати јасна порака: „Ќе бидете легитимна цел“

Иранскиот заменик-министер за надворешни работи, Маџид Тахт-Раванчи, синоќа изјави дека Техеран ги информирал европските и другите земји дека тие ќе бидат легитимни цели на иранските напади доколку се приклучат во војна против Иран на страната на САД и Израел.

 „Техеран веќе ги информираше Европејците и сите други дека треба да бидат внимателни и да не се вклучуваат во оваа агресивна војна против Иран. Доколку која било земја им се придружи на Америка и Израел во агресијата против Иран, таа ќе биде легитимна цел на иранската одмазда“, рече Тахт-Раванчи во интервју за Франс 24.

Тој потврди дека Иран ги напаѓа курдските групи во соседен Ирак, по извештаите дека ЦИА и Мосад ги вооружуваат групите.

„Доколку има потреба да го заштитиме нашиот суверенитет, дефинитивно ќе го сториме тоа“, нагласи Тахт-Раванчи.
The post Иран планира одмазда против европските земји? Техеран испрати јасна порака: „Ќе бидете легитимна цел“ appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: