сабота, 28 ноември 2026
Најново

Иран повторно го блокираше Ормускиот теснец

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Здружената воена команда на Корпусот на исламската револуционерна гарда (ИРГЦ) издаде соопштение во кое тврди дека контролата врз Ормутскиот теснец сега „се вратила во претходната состојба“, бидејќи Американците изјавија дека нивниот потег за деблокирање на теснецот нема да значи крај на американската блокада на иранските пристаништа.

Во соопштението објавено од иранската радио-телевизиска станица ИРИБ, командата на ИРГЦ изјави дека САД „продолжиле со своите акти на пиратство и поморска кражба под маската на таканаречена блокада“.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

„Поради оваа причина, контролата врз Ормускиот теснец е вратена во претходната состојба, а овој стратешки воден пат сега е под строго управување и контрола на вооружените сили“, се вели во соопштението.

Додадено е дека сè додека САД не воспостават целосна слобода на пловидба за бродовите што патуваат од Иран до нивните дестинации и назад, статусот на Ормускиот теснец ќе остане под строга контрола и во претходната состојба.

Соопштението доаѓа утрото откако американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека блокадата на САД „ќе остане на сила со полн капацитет“ сè додека Техеран не постигне договор со САД, вклучително и за неговата нуклеарна програма.

Вчера беше објавено дека Иран го деблокирал Ормутскиот теснец откако беше постигнат договор во врска со 10-дневниот прекин на огнот во Либан. Сепак, таквата состојба остана само неколку часа.

Поврзани вести