Иран се закани: Подгответе се за ценa на нафтата по 200 долари за барел

По претходната политика на „одмазднички напади“, Иран ќе премине на „континуирани напади“ врз своите противници, а САД нема да можат да ги контролираат цените на нафтата, објави Оперативната команда на армијата Хатам ал-Анбија.

Хатам ал-Анбија е главната оперативна команда на иранските вооружени сили, која ги координира воените операции на редовната армија и Револуционерната гарда. Тоа е штабот што ги планира и води најголемите воени операции на Иран во воени и кризни ситуации.

„Нема да дозволиме ниту еден литар нафта да стигне до САД и нивните партнери. Секој брод или танкер што плови кон нив ќе биде легитимна цел“, изјави портпаролот на командата, Ебрахим Золфагари.

„Подгответе се цената на барел нафта да достигне 200 долари, бидејќи цената на нафтата зависи од регионалната безбедност што сте ја дестабилизирале“, додаде тој.

Пронајдете не на следниве мрежи: