Иран започна напад врз американската база Ал Удеид во Катар, потврдија израелски извори за „Аксиос“.Како што е соопштено за овој американски медиум, најмалку шест ракети биле испукани врз базата Ал Удеид, а засега нема информации за штети или повредени лица.
NOW: Doha, Qatar. pic.twitter.com/0KTXHMZUJt— Clash Report (@clashreport) June 23, 2025
Нападот набрзо беше потврден од иранската државна телевизија, но не беа објавени дополнителни информации.Според видеата објавени на социјалните мрежи, сирените биле активирани во базата, а активирана била и противвоздушната одбрана.Пред да го започнат нападот, американските претставници им кажаа на неколку медиуми во САД дека постои „непосредна закана“ против оваа база, најголемата американска база во регионот.Треба да се додаде и дека, според „Тајмс оф Израел“, една ракета била испалена и кон американската база во Ирак.Станува збор за базата Ал-Асад, која Иран исто така ја нападна во 2020 година, како одмазда за убиството на Касем Сулејмани.



