Ирина Шајк и згоден Италијанец разменија бакнежи на снимањето на реклама: Многумина мислат дека би биле добар пар

Руската манекенка Ирина Шајк и италијанскиот актер Мишел Мороне привлекоа внимание бакнувајќи се на улиците на Неапол за време на снимањето на реклама.Станува збор за реклама со Долче и Габана. Многу корисници на социјалните мрежи веруваат дека двајцата би биле добар пар и во реалниот живот.#IrinaShayk and #MicheleMorrone passionately kiss for Dolce & Gabbana ad 👀 🎥 backgrid pic.twitter.com/j3B7geuzB3— TMZ (@TMZ) July 27, 2025„Тие би го забрзале глобалното затоплување како двојка“, „Ги сакам“, „Хемијата меѓу нив двајца е очигледна“, се некои од коментарите.Таа носеше тесен, проѕирен фустан и отворени потпетици, а Мороне носеше класично црно одело.Мороне има репутација на голем заводник. Минатиот декември, неговиот менаџер ги негираше гласините дека е во врска со Меган Фокс откако видео од нив како флертуваат почна да кружи на социјалните мрежи. Тој моментално е слободен.Американските медиуми објавија во февруари дека Шејк ја обновила врската со Том Брејди повеќе од една година откако раскинале.

Пронајдете не на следниве мрежи: