Исклучи го од својот живот- нова опција на Фејсбук

Компанијата „Фејсбук“ моментално тестира нова опција, која на корисниците ќе им помогне од почетната страница да ги отстранат информациите кои не сакаат да ги примаат.
Без разлика дали сакате да не читате коментари за новата епизода од омилената серија која се уште не сте ја гледале, или, пак, сакате да се изолирате од новостите во животот на вашето поранешно момче, Фејбук сега има решение и за тоа.
Станува збор за опцијата „Keyword Snooze” (Сокривање со помош на клучни зборови). Оваа опција функционира така што ќе го внесете точниот збор или фразата која не сакате да ја гледате на почетната страница и содржината поврзана со неа повеќе нема да ви се појавува, без разлика дали е поврзана со лица, страници или групи. На овој начин информациите кои не сакате да ги гледате ќе можете да ги сокриете на 30 дена.


„Се надеваме дека со помош на оваа опција корисниците ќе можат да ја прилагодат почетната страница кон своите потреби и навики, како и тоа дека ќе можат да поминат повеќе време фокусирајќи се на работите кои им се важни”, вели менаџерот на Facebook, Шурти Мураледаран.
Оваа опција ќе биде лоцирана во горниот десен агол на почетната страница. Ова е најнова опција на Facebook, а сличните опции, кои веќе постојат, му нудат можност на корисникот да сокрие конкретни луѓе, односно да не им излегуваат први на почетната страница или опција со која можат да прекинат да ги следат. Од Facebook нагласуваат дека со опцијата „Keyword Snooze” нема да биде овозможено блокирањето на реклами.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.