Министерството за финансии денеска исплати 2.028.714.243 денари за субвенции за произведен и предаден тутун од реколта 2025 година. Средствата се наменети за 15.144 тутунопроизводители.
Од Министерството за финансии соопштија дека со оваа исплата се потврдува континуираната поддршка за земјоделството, со посебен фокус на тутунарството како една од стратешките и традиционално значајни земјоделски гранки во земјава.
Преку редовна и навремена исплата на субвенциите, како што наведуваат, се овозможува поголема финансиска стабилност на земјоделците, одржување на производството и развој на руралните средини.
Владата и Министерството за финансии остануваат посветени на политики за зголемување на конкурентноста на домашното земјоделство и подобрување на приходите на земјоделците, се наведува во соопштението.



