Исповед на убавата Русинка: „По венчавката со султанот животот ми се претвори во пекол“

Љубовната приказна на младата руска мисица Оксана Војеводин и некогашниот малезиски крал, султанот Мухамед V од Келантан веќе со месеци е во фокусот на светските таблоиди, односно нивното разминување и перипетиите кои ги следеле.
Нивниот однос беше шокантен од самиот старт, почнувајќи од 24-годишната разлика меѓу нив преку културолошките спротивности…
Но, сето тоа траело многу кратко, само неколку месеци подоцна оваа љубов пукнала, а Мухамед заминал толку многу далеку што сакал да утврди дали нивниот син е навистина негов.
Оваа 27-годишна убавица сега решила да проговори за сето тоа и изнела многу детали од нивниот однос.


Меѓу другото, се присетила и за непријатното искуство само нколку денови по венчавката, тогаш на султанот му заѕвонил телефонот, а на екранот пишувало Боб.
„Бев сигурна дека станува збор за еден од неговите пријатели кои сакаат да му честитаат за бракот. Се јавив и чув хистерична жена која почна да ми се дере и да тврди дека таа е негова сопруга, а не јас. Ми се дереше и ме праша со кое право јас сум се јавила на телефонот“ – раскажала Оскана, додавајќи дека тоа наводно била неговата сопруга од Чешка која се претставила како Дијана Петра.
Откако Мухамед се вратил од тоалет, го зел телефонот и заминал да разговара во друга просторија.
„Ми кажа дека тоа е неговата поранешна сопруга која не знаела дека сме венчани. Освен тоа, кажа дека постојат некои нерешени работи меѓу нив, а една од нив била поврзана со имотот“ – рекла убавата Русинка.
Дијана Петра, исто така наводно постојано ѝ испраќала заканувачки пораки на Оскана и на нејзините пријатели.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.