Истечените пасоши и лични карти се валидни за време на вонредната состојба

Вонредната состојба донесе нови мерки и во поглед на личните документи. Ако поминала важноста на личната карта или пасошот, сепак документот е валиден за времетраењето на вонредната состојба. За ова владата донесе уредба со законска сила и таа важи. Откако ќе заврши вонредната состојба, граѓаните ќе имаат рок од 30 дена да ги обноват документите чија важност поминала. Околу личните карти и другите лични документи.


Во поглед на личните документи кои граѓаните веќе ги имаат, како возачки, лични карти и пасоши чија важност е истечена, дали треба да дојдат во МВР да ги обноват или им важат за време на вонредната состојба?
– За сите овие документи за кои прашувате Владата на РСМ донесе уредба со која го продолжи нивното траење поради вонредната состојба во државата. Значи тие документи се валидни и граѓаните немаат потреба да вадат нови додека трае вонредната состојба. По завршувањето на вонредната состојба граѓаните на кои им истекла важноста на документот ќе имаат 30 дена рок за да извадат нов документ.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.