Историска насловна на познатото списание: Манекенка во буркини

Списанието “Sports Illustrated Swimsuit Issue”, уште еднаш испишува историја. Имено, мајската насловна на ова престижно списание ја краси сомалиско-американската манекенка Халима Аден, која позирала во буркини.


Халима Аден е родена во Каукма, бегалски камп во Кенија, а во САД се преселила во 2004-та година. Во центарот на светското внимание дошла во октомври 2016-та година, кога станала првата Мис на Минесота која се натпреварувала во хиџаб и буркини.
Насловната на списанието “Sports Illustrated” ја коментирала во емисијата “Good Morning America”.
“Sports Illustrated е доказ дека девојка која носи бикини може да биде покрај девојка која е облечена во буркини. Ние жените можеме да бидеме една покрај друга, можеме една на друга да си бидеме најголема поддршка”, рекла Аден, додавајќи дека било многу емотивно да се снима едиторијалот во Кенија.


Ем Џеј Деј, уредник на списанието “Sports Illustrated Swimsuit Issue”, рекол дека ова издание на списанието е едно од најзначајните до сега.
“Веруваме дека убавината не познава граници. И се восхитувам на Халима и мислам дека нејзината работа е многу инспиративна. Таа е прекрасна, не само од надвор, туку и од внатре. Кога се запознавме ме освои со својата интелигенција, ентузијазам и автентичност”, рекол тој.
Аден изразила надеж дека во иднина ќе продолжи да руши стереотипи.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.