четврток, 26 ноември 2026
Најново

Истрагата за Артан Груби е завршена, чекаме само негова екстрадиција – вели Коцевски

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Истрагата во која е осомничен поранешниот прв вицепремиер Артан Груби е речиси завршена, единствено се чека на неговата екстрадиција, рече вечерва републичкиот јавен обвинител Љупчо Коцевски во гостување во емисијата „360 степени“ на МРТ 1.

Тој вели дека сите докази се собрани, има и финансиска истрага, но и оти нема информација каде е Груби бидејќи тоа не е надлежност на Обвинителството.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

За констатацијата во извештајот на Европската комисија за земјава дека „корупцијата останува распространета во многу области и е прашање за сериозна загриженост“, Коцевски вели дека за борба против оваа појава треба да се создадат услови што значи дека се потребни истражители, истражни центри и форензичари кои ќе можат тоа да го работат.

На прашањето дали Јавното обвинителство го дава максимумот во борбата против корупцијата, имајќи ги предвид ваквите наводи во документот од ЕК, Коцевски одговара:

„Обвинителството дава повеќе од максимум. Верувајте, затоа што еве, и јавноста знае со какви предмети се соочуваме, со каков вид на висока корупција се соочуваме…“.

Поврзани вести