Исфрлила само еден вид на пијалак од исхраната: Ѝ се случила промена

Доколку се прашувате што навистина алкохолот му прави на вашето тело, доволно е да ги погледнете фотографиите на фитнес блогерката Џели Девот.

Американката Девот решила на својот Инстаграм профил да покаже како се променило нејзиното тело откако потполно ја исфрлила консумацијата на алкохолните пијалаци од нејзиниот живот.
Џели значајно ослабнала, а денес нејзиното тело изгледа тонирано и здраво. Таа вели дека никогаш не се чувствувала подобро бидејќи конечно успеала да постигне баланс.


“Немам проблем да изедам крофна, а потоа салата. Не пијам алкохол и што е најважно, научив да се борам со лошите емоции и да се сакам себеси”, истакнала Девот.
Како што вели, одлучила да се откаже од алкохолните пијалаци кога почнала да се бори со вишокот килограми.

За Џели не бил проблем само алкохолот, туку комплетниот начин на живот кој доаѓал со тоа – утрински мамурлак, главоболка, потешкотии да вежба и да се храни здраво итн.
Откако по три недели во целост го исфрлила алкохолот, таа консумирала по една чаша вино за време на викендите и се држела до дневен план на вежбање и здрава исхрана. Со тоа, фитнес блогерката постигнала одлични резултати.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.