Исчезнатиот Пино е пронајден мртов – бил убиен и фрлен во дупка

Пинета Секондо – Пино, 26-годишното момче кое исчезна во почетокот на декември минатата година, пронајден е мртов, дознава Плусинфо.
Станува збор за убиство, за кое МВР тврди дека го расветлило.
Телото е најдено кај Љуботен пред еден месец, а сега е утврден неговиот идентитет.
ОБНОВЕНО МВР и Обвинителството излегоа со различни соопштенија околу осомничените за убиство на младиот Пино.
Според МВР, пподнесена е кривична пријава против Ф.А. (27) и А. Ѓ. (22), двајцата од Скопје, за сторено кривично дело „убиство“ предвидено и казниво по член 123 од КЗ на РСM.


Се работи за убиство на Пинета Секондо, за кој на 11 декември 2018 година неговата мајка пријавила дека е исчезнат. На 29 април граѓанин пријавил во полиција дека на место викано Башинец во атарот на село Љуботен пронајден е човечки скелет покриен со камења.
„По преземени оперативно тактички мерки дојдено е до сознание дека извршители се горенаведените лица, по што добиена е Наредба за претрес во дом и други простории од Основно јавно обвинителство Скопје и извршен е претрес во домовите на пријавените како и на уште две лица, роднини на првопријавениот. Во домот на првопријавениот пронајдени се СИМ картици, лични документи, мобилен телефон, УСБ, мемориска картица, една фантомка и возило „опел аскона“. По Ф.А. распишан е централен распис. На 30 мај второпријавената А.Ѓ. е лишена од слобода“, соопшти МВР.


Од Обвинителството, пак, наведуваат дека осомничениот, 27-годишен жител на Скопје, делото го сторил на 11 декември 2018 година, околу 2 часот, откако претходно се сретнал со сега починатиот. Тие заедно со патничко моторно возило „опел аскона“ пристигнале во атарот на село Арачиново во Скопје. Осомничениот извадил пушка и го застрелал Пино во пределот на главата. Од нанесените повреди Пино веднаш починал. Во обид да се скријат трагите, неговото тело било пренесено во село Љуботен, каде е оставено во дупка и покриено со ќебе. Осомничениот е недостапен за органите на прогонот.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.