Италијанец се шетал со хашиш на Средно Водно – завршил во притвор

Пронајден хашиш кај државјанин на Италија на паркинг на Средно Водно, одреден му е притвор.

На 07.09.2025 околу 21:00 часот на паркинг простор на Средно Водно од страна на полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје од слобода е лишен Л.Т.(27) од Р.Италија.

При извршен преглед кај него е пронајден хашиш. Од страна на Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје против Л.Т. е поднесена кривична пријава по итна постапка до надлежен обвинител, а од страна на судија на претходна постапка му е одредена мерка 30 дневен притвор во КПУ Скопје.  

Пронајдете не на следниве мрежи: