Италијанска карантинска двојка: Се запознале на тераса, а сега ќе се венчаат

Љубов во време на коронавирус- Модерните Ромео и Јулија, кои прво се запознаа од нивните тераси, објавија дека сега ќе стапат во брак
Имено двојката е наречена вака, бидејќи се запознале за време на карантинот во Верона, Италија, додека секој бил на својата тераса, и имале романтична долга врска, слична на хероите од приказните на Шекспир.
Сега тие го потврдија својот среќен крај на приказната и кажаа дека ја планираат нивната свадба.
40-годишната адвокатка Паола Агнели, за првпат го забележала 38-годишниот Мишел Далапос, додека двајцата биле на нивните тераси за време на концерт кој се одржувал за време на карантинот.
– Сакаме да направиме свадбена церемонија на големата тераса на покривот од мојата зграда, што ќе има смисла, со оглед на тоа како се запознавме – открива заљубената двојка.
Мишел ја пронашол Паола на Инстаграм и започнале да се допишуваат, а со оглед на тоа што биле во карантин, нивната врска се базирала на слушање по телефон.
Нивната врска станала вирална која тој закачил огромен банер на терасата на која пишувало „Паола“. Конечно се сретнале во локален парк во Мај. Иако живееле еден спроти друг подолг период од нивниот живот, тие дотогаш никогаш претходно не се запознале.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.