Италијанскиот репрезентативец: Десет минути пред да се сруши мостот поминав по него

Повремениот италијански репрезентативец поминал по мостот на смртта десет минути пред неговото рушење: Ова е невозможно! Поради ова луѓето си заминуваат од Италија!
Дефанзивецот на репрезентацијата на Италија и на Џенова, Доменико Кришито вели го поминал мостот Понте Моранди во Џенова, десет минути пред да се сруши, при што загинаа досега најмалку 35 лица.
Кришито во мај оваа година се врати во Џенова од Зенит и вели дека го поминал мостот кратко пред да се случи трегедијата.


-Го пишувам ова поради сите оние кои ми пишуваат и се загрижени за мене и моето семејство. Сите сме добро, а поминавме по тој мост точно десет минути пред да се сруши, напиша Кришито на Инстаграм.
Тој вели дека сочувствува со семејствата на жртвата, а продолжува дека е невозможно мост така да се сруши.
-Мора нешто да се направи за оваа држава. Луѓето не напуштаат поради вакви работи. Ни треба сигурност, треба некој нешто да преземе, ова е одвратно, пишува тој.
Џенова го откажа денешниот тренинг поради несреќата.
Министерот за сообраќај Данило Тонинели предупреди дека ова веројатно е „огромна трагедија“.
Еден од сведоците кажа дека видел осум или девет возила на патот во моментот кога се срушил, сцена што ја опиша како „апокалиптична“.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.