четврток, 12 ноември 2026
Најново

Италијански град воведува посебен данок за сопствениците на кучиња! Дури и локалното население ќе мора да плати

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Целта на оваа мерка е да се обезбедат средства за одржување на чистотата на улиците, како и за изградба на нови паркови за кучиња и нивните сопственици.

Италијанскиот град Болцано, на северот од земјата во подножјето на Доломитите, воведува нов данок за сопствениците на кучиња од почетокот на следната година.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Туристите кои доаѓаат во градот со своите миленици ќе плаќаат такса од 1,50 евра дневно. Во исто време, локалните жители со кучиња ќе мора да издвојуваат и 100 евра годишно по миленик.

Според градските власти, целта на оваа мерка е да се обезбедат средства за одржување на чистотата на улиците, како и за изградба на нови паркови за кучиња и нивните сопственици.

Си-Ен-Ен потсетува дека веќе има градови во Италија кои им наплаќаат на туристите за влез за да го ублажат притисокот од прекумерниот туризам, но Болцано оди чекор понатаму – воведува посебен данок и за кучиња.