Италијански претприемач уби две службенички на локална управа

Италијански претприемач убил во средата две службенички во канцеларијата на регионалната управа на Умбрија во градот Перуџа и потоа извршил самоубиство, соопшти локалната полиција.Една од службеничките била убиена на самото место а втората набрзо по ранувањето, соопштила полицијата на Перуџа. Жртвите биле на возраст од 46 и 61 година. Напаѓачот, 43-годишниот мал претприемач Андреа Зампи, жртвите ги убил со полуавтомаско оружје.Зампи оставил неколку писмени пораки, тестамент, верска порака, порака за неговите родители и изјава дека постапил поради тоа што се чувствувал фрустрирано, бидејќи регионалните власти привремено ми ја одземале лиценцата за приватното модно училиште на неговите родители, поради што не можел да добие финансиска поддршка.Зампи во декември случајно дал изјава за италијанската телевизија и рекол дека е „готов“, бидејќи му е блокирана субвенцијата во износ од 160 илјади евра, пренесува агенцијата Ansa.Градоначалникот на Перуџа, Владимиро Бокали изјави дека станува збор за „голема трагедија, која е плод на ужасната клима поврзана со моменталната економска состојба“.
МакфаксИталијански претприемач убил во средата две службенички во канцеларијата на регионалната управа на Умбрија во гр

Пронајдете не на следниве мрежи: