Италија е подготвена да испрати војници доколку се создаде палестинска држава

– Италијанската Влада е подготвена да испрати војници заедно со други земји доколку се создаде палестинска држава, рече министерот за надворешни работи на земјата, Антонио Тајани, вчера во интервју за новинската агенција Анса.„Италијанската Влада е силно посветена на мирот, ние сме пријатели на Израел, но сакаме да работиме за мир, вклучително и потенцијално испраќање војници доколку постои волја да се создаде палестинска држава заедно со силите на другите земји“, рече Тајани.„(Италија) има силен дијалог со палестинските власти, таа е наш соговорник. Зборував со премиерот (Мохамед) Мустафа, кого го поканив во Италија. Ова покажува дека сакаме да имаме односи со единствената легитимна палестинска власт, да работиме на решение на два народа, две држави, единственото можно решение за стабилност во областа“.Тајани, исто така, рече дека иранскиот напад во саботата, во кој беа лансирани стотици проектили и самоубиствени беспилотни летала врз Израел, мора „апсолутно да се осуди“.„Сега се надевам дека нема да има ескалација. Од воена гледна точка, Израел победи, но сега мораме да спречиме проширување на конфликтот, бидејќи не само што имаме тензии во Газа, туку и во Црвеното Море“, додаде тој.

Пронајдете не на следниве мрежи: