Италијанскиот министер за надворешни работи Антонио Тајани повика на меѓународна осуда на Русија.
„Изненаден сум од сликите од бомбардирањето во Киев, кога беше погодена и детска болница. Тоа се воени злосторства кои мора да бидат осудени од целата меѓународна заедница“, напиша Тајани на X, додавајќи дека италијанската влада „ќе продолжи да го брани суверенитетот на Украина и нејзиниот народ“.
Бројот на загинати се искачи на 31
Бројот на загинати во денешните руски напади се искачи на 31, а повеќе од 150 лица се повредени, соопштија украинските власти.
Последните извештаи велат дека 17 лица загинале во главниот град Киев, од кои две во детската болница, а уште 11 на неколку места во регионот Дњепропетровск.
- По долго страдање, доаѓа благослов: 4 знаци што очекуваат промена во животот
- Променливо облачно и посвежо со услови за врнежи од дожд во северните делови
- Денеска без струја дел од општина Сопиште
- За многу години: Денес се празнува Преподобна Параскева (Петка)
- (Фото) Сиљановска-Давкова: Уставот не е само закон над законите, туку и општествен договор меѓу граѓаните и државата
- Делови од општините Студеничани и Чаир денеска без вода
- Дневниот весник на РТВ Војводина започна со извинување откако главниот уредник поднесе оставка: Со години, затворавме едно око
- Рама повторно повика на дијалог



