петок, 27 ноември 2026
Најново

ИХФ ги потврди шеширите пред жрепката за Сп во ракомет

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај


ИХФ ги потврди шеширите пред жрепката за Сп во ракомет

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ


Интернационалната ракометна федерација денеска го објави составот на шеширите за претстојната жрепка.

Македонија е дел од селекциите кои ќе бидат дел од престижниот мундијал, ја очекува жрепката од третиот шешир, а истата е закажана за 29. мај во Загреб.

Избраниците на Кире Лазаров нема да бидат во иста група со Катар, Полска, Аргентина, Бразил, Куба, Јапонија и Алжир, а шампионатот ќе се игра меѓу 14 јануари и 2. февруари, со што првпат кодомаќини ќе бидат три земји.

Натпреварите во Норвешка ќе се играат во Баерум, каде е закажано финалето, во Данска ќе се игра во Хернинг, додека Хрватите ќе бидат домаќини во Загреб, Пореч и Вараждин.

Поврзани вести