Транквилизери или седативи (дијазепам, лексилиум, валиум, хелекс) што аптеките не треба да ги даваат без рецепт, употреба на лекови на рецепт во одреден момент од животот пријавиле 9,9 проценти од момчињата и 12,2 проценти од девојчињата во Македонија, или вкупно 11 проценти. Употребата на транквилизери без рецепт била помала, 5,7 проценти од момчињата и 7,5 проценти од девојчињата, или вкупно 6,6 проценти, покажаа податоците од Европскиот училишен истражувачки проект за алкохол и други дроги – ESPAD 2024, кој вчера го презентираше Институтот за јавно здравје.
Податоците за употребата на канабис кај адолесцентите покажуваат дека 5,5 проценти од општата популација опфатена со истражувањето изјавиле дека користеле канабис барем еднаш во животот, 4,3 проценти во текот на изминатата година, додека 2,6 проценти изјавиле дека го користеле во последниот месец.
Разделено по пол, преваленцата на употреба во текот на целиот живот, изминатата година и изминатиот месец е поголема кај момчињата отколку кај девојчињата.
The post ИЈЗ: Аптеките не треба да даваат седативи без рецепт, се забележува висока употреба кај адолесцентите appeared first on Во Центар.
Пронајдете не на следниве мрежи:



